Фудбалерите на Милан направија голем чекор кон освојувањето на 19-та титула во истријата во италијанското првенство, прва по 2011 година, откако со пресврт со 3:1 ја совладаа домашната Верона во последниот дуел од 36-то коло.
Верона поведе во 36 минута со голот на Давиде Фараони, кој во лет со глава го дочека нафрлувањето на Лазовиќ. Но Милан испеа да израмни во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Рафаел Леао одлично мина по левата страна, а Сандро Тонали од непосредна близина ја сврти топката во домашната мрежа.
Тонали беше стрелец и на голот за пресврт на отоворањето на вториот дел, веќе во 49 минута. Повторно Леао протатне по левата страна, а Тонали од два метра ја спроведе топката во голот. Интересно е што Тонали, кој е стандарден член на првата постава на „Росонерите“ во првите 33 кола постигна само два погодока, за пред две седмици да биде стрелец на победничкиот гол против Лацио во Рим, а во неделата на двата клучни гола во Верона. Конечниот резултат 3:1 го постави Алесандро Флоренци со прецизен удар од 15-ина метри во 86 минута.
Водечкот Милан на два кола пред крај на првенството има 80 модови, два повеќе од градскиот ривал Интер, и за освојување на титулата ќе му бидат доволни четири бода од дуелите со Аталанта и со Сасуоало, бидејќи има подобар меѓусебен скор против „Нераѕурите“ па ќе биде шампиони доколку двата тима на крајот имаат ист број бодови. Верона остана 9-та со 52 бода.
Директниот дуел на двата конкуренти за опстанок во Серија А, Салернитана и Калјари во неделата заврши со поделба на бодовите 1:1.
Во дуелот преполн со емоции и тензии, Салернитана беше на чекор од победата со којашто ќе обезбедеше опстанок, поведе во 68 минута од пеналот што го реализираше Симоне Верди, откако Ловато го собори Констанос. Веќе во следната минута двата клуба останаа со домашните и Борис Радуновиќ кај гостите.ж
Салернитана имаше водство и во долгото судиско продолжение, кога се одигруваше драмата. Во втората минута од продолжението судијата Ди Бело покажа пенал за Калјари поради фаул на голманот Сепе врз Ликојанис. Но по прегледување на снимката сепак беше утврдено дека гостинскиот играч направил прекршок врз домашниот голман. Но во деветтата минута од продолжението Калјари доби корнер по кој највисок во скокот беше стоперот Џорџо Алтаре и со својот прв погодок сезоната ги постави конечните 1:1.
Со ваквиот исход Салернитана остана 17-та, на последното место кое обезбедува опстанок, но само со бод предност пред 18-от Калјари, кој е во зоната на испаѓање и два бода повеќе од 19-та Џенова. Доколку останеше 1:0, тимот од Салерно ќе имаше четири бода предност на две кола пред крајот и со многу изгледни шанси да обезбеди опстанок.
Претходно играчите на Венеција со домашната победа од 4:3 над Болоња задржаа некакви шанси за опстанок.
Венеција водена од надежите дека може да остане во Серија А одлично тргна и веќе по 20 минути игра водеше со 2:0, со головите на Томас Хенри во 4 и Софиан Кијине во 19 минута. Но брзо реагираше гостинскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој на клупата се врати по хемотерапијата, и на теренот го испрати Рикардо Орсолони, а токму тој до полувремето успеа да намали со голот во втората минута од судиското продолжение.
Во вториот дел Марко Арнаутовиќ во 55 и Џерди Шоитен во 68 минута го комплетираа пресвртот во полза на Болоња. Но домашните не се предаваа и во завршницата направија нов пресврт. Прво Матија Араму од пенал во 78 минута донесе ново израмнување, а потоа во третата минута од судиското продолежение на дуелот Денис Јонсен го погди самиот горен лев агол од гостинскиот гол.
Венеција и натаму е последна 20-та со 25 бодови, пет помалку од 17-та Салернитеана, на последното место за опстанок, четири помалку од 18-от Калјари, односо три од 19-та Џенова. Болоња е безбедна на 13-то место со 43 бодови.
Во првиот неделен дуел Аталанта на гостувањето со 3:1 ја совлада Специја. Гостите од Бергамо поведоа во 16 минута со голот на Луси Фернандо Муриле Фруто а во 30 минута израмни Даниеле Верде. Специја цврсто се бранепше до 73 минута кога Берат Џомсити на саистенција на Мерих Демирал ја доведе Аталанта во ново водство, а сите дилеми ги разреши голот во 87 минута што го постигна Марио Пашалиќ.
Аталатанта со победата напредуваше до седмото место со 59 бодови и остана во игра за пласман во Европската или во Конференциската лига. Рома е шеста со ист број бодови, додека Лацио е петти со 62 бода. Специја остана на 16-то место со 33 бодови, пет повеќе од опасната зона.