Миланов: Да беше Јанакиески близок соработник на Груевски, немаше да биде 80.000 пати прислушкуван

Адвокатот Еленко Миланов нагласува е чудно што Обвинителството во завршните збор го измени обвинителниот предлог во неколку битни елементи.

Во новото обвинение го снема делот делот дека Јанакиески бил член на ИК на партијата ниту пак координатор на О.К на Центар.

-Стои дека бил близок соработник на Груевски и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој термин никаде не постои. Јанакиески не бил близок соработник на Груевски. Да бил немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС пораки, вели Миланов.

Тој се освррна и на исказот на Томислав Лазаров кој призна вина. Лазаров рекол дека можеби комуницирал и со Јанакиески за тоа што се случувало внатре во салата.

-Извезтување за она што се случува не може да биде насилсто, додаде Миланов.

Тој му предочи на судијата дека во овој момент не може да донесе пресуда туку треба да ја преотвори јавната расправа.

Дали оригиналната снимка е уништена треба да се утврди во предметот „Таргет-Тврдина“.

-Доказот во суд се изведува во оригинал или во заверен препис, посочи Миланов.