Постои можност Албанија и Северна Македонија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во Европската Унија, зашто С Македонија има одредени услови, без чие исполнување нема да може да влезе да продолжи по својот евроинтегративен пат. Ова денеска го изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на својата официјална посета на Бугарија, на покана на тамошниот претседател Румен Радев.
„Сега ќе дојдеме до точка дека РСМ, доколку не ги направи овие уставни измени на кои се обврза, ќе треба да почека на време кога ќе го стори тоа. Тоа е услов што постои, а кој ЕУ го прифати. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни“, изјавил хрватскиот претседател за време на посетата на Софија.
Ова, како што пишува македонската Медиумска информативна агенција (МИА), е веста на денот во Бугарија, која е избрана од Бугарската телеграфска агенција (БТА) согласно Договорот со размена на информации со МИА. Според овој договор, БТА и МИА издвојуваат вест на денот за соодветната земја, а другата агенција мора да ја објави истата без промени.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и неговиот бугарски колега Румен Радев за време на денешната средба се согласиле дека заврзувањето на процесот на евроинтеграции за земјите од Западен Балкан е клучен фактор за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.
Милановиќ нагласил дека земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија веќе требало да бидат дел од Европската Унија.