Милановиќ: Уставниот суд е закана за хрватската демократија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во вторникот ги обвини судиите на Уставниот суд дека се закана за хрватската демократија поради одлуката на овој суд која му забрани да се кандидира за функцијата премиер и да учествува во изборната кампања додека ја извршуваше функцијата претседател на Република Хрватска.

„Бескрупулозните клошари, глодари во сенка, гангстери, некохерентни, неписмени…“ се зборовите коишто Милановиќ ги употреби за да ги опише судиите на Уставниот суд, се гледа од снимките објавени на локалните телевизии.

„Кој ја донесе одлуката која ја убива демократијата, го забранува говорот и за дестабилизација на Уставот го прогласува обичниот обид да се излезе на парламентарни избори… Тоа е закана за хрватската демократија“, рече Милановиќ.

Потсети дека истиот Уставен суд го предупредил за проблемот со избирачките единици.

„Тежината и длабочината на тој проблем се толку големи што, штом Уставниот суд излезе самиот да се занимава, тоа треба да биде причина за откажување на изборите“, смета тој.

Милановиќ рече и дека (уставните судија) не ги поништија изборите поради непропорционалност на изборните единици, туку кога претседателот на Република Хрватска сака да се кандидира, му се закануваат и додаде дека се работи за луѓе кои се „анонимни, но имаат огромна моќ“.

Негираше дека бил во контакт со судијката Ингрид Античевиќ, која гласаше против мнозинството судии. Милановиќ ја нападна и поранешната претседателка на Уставниот суд, Јасна Омејец, која порача дека Уставниот суд треба да ги поништи изборите, нарекувајќи ја „политички соучесник“.

„Таа беше пријателка на еден политички лидер, заради неа законот беше сменет во 1999 година и се намали потребниот број години искуство за да стане судија на Уставниот суд“, рече Милановиќ.

Што се однесува до полагањето заклетва пред тие судии на Уставниот суд, Милановиќ рече дека би ја положил „пред црна славонска свиња или пред крапински човек“.

Милановиќ рече и дека инструкциите на Уставниот суд не се однесуваат на него, туку на опозициската партија SDP (чиј кандидат би требало да биде), која ја „зедоа во заложништво“. Рече дека нема да дојде на протестот на опозицијата на 23-ти март и повтори дека не планира да поднесе оставка пред избори.

„Ги имаме Андреј Турудиќ и Иван Турудиќ, тоа е истата слика на Доријан Греј. Да не беше тоа, немаше да го има ова“, рече тој.

„Тој вели дека сум примитивец, јас сум неговата лоша судбина“, рече Милановиќ за премиерот Андреј Пленковиќ, кој претходо во вторникот изјави дека опозицијата ќе ги загуби изборите.