Во поднесокот до Врховниот суд, Трамп бара имунитет од кривично гонење

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот поднесе барање до Врховниот суд на САД, барајќи имунитет од кривично гонење за нводниот обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година, а случајот ќе се најде пред судиите следниот месец.

Трамп ја обжали одлуката на понискиот суд кој одби да го заштити од кривично дело водено од специјалниот обвинител од министерството за правосудство Џек Смит, бидејќи тој беше претседател кога наводно презел дејствија со цел да ја поништи изборната победа на Џо Бајден.

Поднесокот содржи аргументи слични на оние што адвокатите на Трамп претходно ги дадоа обидувајќи се да го заштитат од гонење и ги повторува изјавите што Трамп ги даде за време на кампањата.

„Претседателот не може да функционира и самото претседателство не може да ја одржи својата независност ако претседателот се соочи со кривично гонење за службени дејствија откако ќе ја напушти функцијата“, се вели во поднесокот.

Трамп, првиот поранешен претседател кој се соочува со кривична пријава, е републикански кандидат на претседателските избори на 5-ти ноември, каде што ќе се соочи со демократскиот претседател Џо Бајден.