Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите преку Лигата на нации да се најде во плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски загубија на гостувањето кај Грузија со 2:0.
Настапот во Лигата на нации „рисовите“ ќе ја завршат в понеделник во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ против Бугарија.
Милевски и покрај поразот во Тбилиси е горд на своите играчи.
„Им честитам на Грузијците за првото место во групата. Горд сум на моите фудбалери и на начикот како да го одиграа натпреварот. Загубивме по наши грешки, а заслуживме многу повеќе. На теренот имавме контрола на играта, доминиравме 90 минути, имавме многу шанси да постигнеме гол. Повеќе причини има за индивидуалните грешки, особено физичката и психичката подготвеност на која треба да се работи во своите клубови пред собирите. Ова често ни се случува, иако грешките се составен дел од фудбалот“, рече Милевски по мечот со Грузија.
Според стратегот на „црвено-жолтите“ во иднина фудбалерите мора да бидат биде посконцентрирани на натпреварите и поконкретни во завршницата од нападите. Воедно за младите играчи вели дека во ова издание на Лигата на нации покажаа дека имаат квалитет и потенцијал и дека треба да им се даде поддршк