Милијардерката Кајли Џенер раскинала со раперот Тревис Скот и во два по полноќ отрчала кај поранешното момче

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер ги шокира своите фанови со признанието дека по две години врска раскинала со раперот Тревис Скот, со кого имаат едногодишна ќеркичка.

Двојката, наводно, се разделила во мир, а неколку дена по раскинувањето на Кајли и Тревис, се појавија различни гласини. Најинтересните информации досега се дека Кајли отишла кај своето поранешно момче Тига по прекинот со Тревис и тоа во два часот по полноќ.

Кајли, наводно, била излезена со две девојки и по бурната ноќ не отишле дома, туку во хотелот „Sunset Marquis “, каде што нејзиното поранешно момче Тига работел во студиото. Кајли, наводно, го напуштила хотелот околу три часот наутро од задниот излез. Неколку минути подоцна, и Тага излегол.

Кајли, наводно, носела кус црн фустан и блејзер и се обидела да привлече што помалку внимание, но сепак ја забележале во хотелот.

По раскинувањето со Тревис Скот, потврдено е дека парот ќе го дели старателството над нивната ќерка Сторми.