Невенка Стаменковска Стојковски, заменик-министер за информатичко општество и админситрација во техничката Влада, констатира дека 4400 партиски вработувања на СДСМ ги чини граѓаните милион евра месечно.
„1 милион евра ги чини месечно граѓаните 4400 партиски вработувања на СДСМ. Аздисаноста на власта, директно удира по буџетот. Партискиот поткуп на гласачи го плаќаат граѓаните на Република Македонија. Тоа се 12 милиони евра годишно, кои наместо за нови патишта, пруги и канализации ќе одат за плаќање на партиската администрациja. Тоа е хипокризијата на СДСМ. Велеа дека администрација е превработена, се бунеа и ширеа манипулации, за сега да вршат партизација невидена до сега“, напиша Стаменковска Стојковски на својот ФБ профил, додавајќи дека злоупотребата на државни ресурси мора да запре.
„Секое вработување ќе биде испитано. Одговорност и честитост“, порача таа.
Таа во прилог обајвува и повеќе документи.