Огромен е бројот на мигранти од Блискиот Исток и од Северна Африка, кои се подгтовуваат во најскоро време да влезат во Европа. Поточно, станува за збор за бројка од околу 6,6 милиони мигранти, анализира британскиот весник „Телеграф“
Во објавениот текст, британски „Телеграф“ се повикува на од германски „Билд“, чии новинари успеале да дојдат до информации од германските тајни служби, и според кои околу 6.6 милиони лица од државите од Блискиот Исток и од Северна Африка чекаат влез во Европа.
За Европа, а вклучувајќи ја тука и Македонија, која е дел од треасата по која се движат мигрантите, сепак најголемата опасност демнее од оние 3,3 милиони мигранти кои се сместени во Турција. Прашањето е колкав период Турција ќе може да ги задржи во бегалските кампови? Тоа зависи само од добрата воља на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој значително ги има максимално замрзнато односите на неговата земја со Европската Унија. Тој може оваа карта да ја корист како џокер во пресметката со било кој европски лидер и во секој момент да ја отвори, како што наведува британскиот весник, врата од „пеколот“ за Европа.
Според објавеното од извештајот од тајните германски служби, околу 2,5 милиони мигранти се наоѓаат во државата во Северна Африка, кои чекаат погоден момент за со разни пловила да тргнат кон бреговите на европските земји, најмногу кон Грција и кон Италија. За Македонија опасност се мигрантите кои ќе пристигнат во соседна Грција, од каде тие потоа доаѓаат во земјава, која е дел од т.н. Балканска рута.
Германските власти не го коментираат објавениот извештај на нивните безбедносни служби, кој според „Билд“ имал ознака дека е само за интерна употреба.
Покрај другото, Европската Унија постојано врши огромен притисок врз своите членки за прифаќање на квотите за примање на мигранти особено на државите од Вишеградската група – Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.
Македонскиот премиер Зоран Заев, за да се додворува кај европските бирократи, доброволно се пријави за прием на околу 150.000 мигранти во Македонија. Стратегијата за бегалци и мигранти на минстерот за труд и социјала, Мила Царовска, предвидува во наредните 10 години да се изградат кампови, социјални станови, да се обезбеди бесплатно школство, здравсто и работни места за 150.000 мигранти.
Лидерот на најголемата партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќепати јавно изјави дека добивал непристојни предлози за прием на 150.000 мигранти во Македонија, но секој пат категорично одбивал.