Милионско наградно прашање до Државниот просветен инспекторат: Дали Воената академија во Скопје функционира законски?

Овој текст го започнав со прашање затоа што истражувајќи ги веб страниците на високообразовните установи во нашата држава – МАКЕДОНИЈА, утврдив толку нелогичности и незаконитости за чиешто постоење причината треба да се бара во КОРУПЦИЈАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ И ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ!!!

НАВИСТИНА ЗОШТО?

Затоа што согласно Законот за високото образование од 2018 година воведени се важни новитети, а меѓу нив посебно место има стапувањето во сила на Статутот на високообразовната установа.

Во член 16 од Законот за високото образование стои:

  • Основен акт на високообразовната установа е статутот.
  • Со статутот поблиску се уредуваат внатрешната организација, начинот на вршење на високообразовната дејност, овластувањата и начинот на работа и одлучување и други прашања од значење за вршење на високообразовната дејност;
  • На статутот на јавниот универзитет и јавната самостојна висока стручна школа согласност дава Собранието на Република Македонија, а на приватната високообразовна установа основачот, по претходно мислење на Владата на Република Македонија.

Доколку го посетите веб сајтот на Воената академија, ќе забележите дека на истиот се наоѓа статутот  на оваа високообразовна установа, кој датира до 2011 година. За потсетување, Законот за високото образование е донесен во 2018 година! Оваа година е 2023 година!

Затоа се поставуваат многу прашања поврзани со законитото функционирање на оваа високообразовна установа изминатите пет години.

Зошто не е обезбедена согласност од Собранието на Република Македонија и каде е одговорноста на деканите, продеканите и наставничкиот совет кои раководеле со секојдневното функционирање на оваа институција, која меѓу другото иако е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“, истовремено има хиерархија и со Министерството за одбрана?

Врз основа на кој статут е извршен изборот на актуелниот декан Митко Богдановски, на продеканите Ненад Танески и Елиниор Николов?

Врз основа на кој статут е извршен изборот во наставно-научно звање во периодот од 2018-2023 година и на соработничкиот кадар на Воената академија?

Врз основа на кој статут е распишан Конкурсот за упис на студенти во периодот од 2018-2023 година?

Врз основа на кој статут се реализирани проекти со НАТО и други универзитети во ЕУ и пошироко во периодот од 2018-2023 година?

Врз основа на кој статут се издаваат уверенија за дипломирање и дипломи на кандидатите на Воената академија во периодот од 2018-2023 година?

Дали нашите НАТО пријатели знаат за овој проблем кој се коси со законитоста затоа што во Законот за високото образование јасно е наведено дека ОСНОВЕН АКТ НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА УСТАНОВА Е СТАТУТОТ!!!

Дали министерката за одбрана знае за овој проблем кој се коси со законитоста затоа што во Законот за високото образование јасно е наведено дека ОСНОВЕН АКТ НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА УСТАНОВА Е СТАТУТОТ!!!

Дали Претседателот на државата Пендаровски, кој меѓудругото во слободно време е исто професор знае за овој проблем кој се коси со законитоста затоа што во Законот за високото образование јасно е наведено дека ОСНОВЕН АКТ НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА УСТАНОВА Е СТАТУТОТ!!!

Уште до кого да упатам прашање?

Секако до врвот на Воената академија, менаџментот избран во периодот на екс министерката од СДСМ Радмила Шеќеринска, дали знаат за овој проблем? Сите доктори на науки, врвни експерти со големо искуство, пред се академско:

Дали на овој начин ние ќе продуцираме кадар според НАТО стандарди? Искрено, не се чувствувам удобно кога морам да ги поставам овие прашања, а на кои се надевам дека во најбрзо време ќе добијам одговор. Но, заради сериозноста на прашањата истите ќе бидат поставени и до:

  1. Директорот на Државниот просветен инспекторат за да провери прво, кој инспектор вршел надзор во наведениот период и дали тој надзор бил фиктивен? И веднаш да спроведе дисциплинска постапка и отказ за оние кои дозволиле да се случуваат вакви појави!
  2. Јавниот обвинител за гонење корупција Ислам Абази веднаш да отвори постапка по допрен глас и да утврди како е можно овие незаконитости да се толерираат со години!
  3. Директорот на Агенција за квалитет на високото образование и посебно претседателот на Одбор за акредитација на високото образование да кажат дали се акредитирани студиски програми во периодот 2018-2023 година за Воена академија и кој статут го доставиле до одборот (последниот е од 2018 година според веб страницата на Академијата) и како е можно да се добие акредитација со таков статут од 2011 година??? Ова посебно да го утврди Ислам Абази и конечно доколку е тоа така да стави ред на Воената академија.
  4. Да се поништат сите акти на Академија во периодот 2018-2023 година!

Чекам одговор, ама веднаш!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес