Милошевски: ДИК мора да ги распише референдумите за мигрантите

Граѓаните застанаа против Владата и планот на СДСМ за населување на мигранти, а Државната изборна комисија (ДИК) не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдум за мигрантите, во спротивно претседателот на ДИК и сите членови кои ќе гласаат за таква одлука кривично ќе одговараат, порача Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски истакна дека владејачката СДСМ ги контролира сите државни апарарти и се обидува на секој начин да го спречи демократското право за спроведувањето на референдум за прашањата кои ги засегаа граѓаните.

„ДИК мора да ги распише референдумите во повеќе од десет општини низ цела Македонија кои ги собраа потребните потписи за распишување референдум, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против населување мигранти во нивната општина. Не смее да биде погазена волјата на граѓаните“, рече Милошевски.

Потенцираше дека граѓаните во огромен број застанаа против планот на Владата преводена од СДСМ за населување мигранти во земјата.

„Граѓаните застанаа против мигрантите, против планот на СДСМ за населување на мигранти и против владата на СДСМ. Тие сакаат да го искористат своето демократско право и да гласаат на локалните референдуми. Но, сепак, најголемиот референдум за граѓаните ќе биде на 15-ти октомври кога сите заедно ќе застанеме против штетните политики на СДС. Заедно ќе ги поразиме овие штетни политики“, додаде Милошевски.