Милошевски: Охрид мора да биде самоодржлив град

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување на Алфа телевизија рече дека Охрид тоне и моли за помош, а тој се надева дека ќе биде човекот кој ќе биде избран од Охриѓани за да ја пружи целата своја помош и поддршка за да му помогне на градот.

Охрид мора да биде самоодржлив град, да не зависи од никого. Охрид мора да биде убав град, а за жал сега е многу нагрден од непланските градби во последниот период. Ќе најдеме начин да ги решиме непланските градби, да ја уредиме околината, а потоа да ги легализираме тие градби. Но, не смееме да преземаме мерки кои би биле на штета на граѓаните и би ги платиле тие, рече Милошевски.

Рече дека за жал за иселувањето од Охрид е поради немањето систем младите луѓе да ја покажат својата можност за развој и несоодветната економска положба на младите.

За да го спречиме ова имаме предидено 3 врвни стратегии. Првата е, стратегија за локаленон економски развој, да направиме услови во Охрид да нема ниеден млад човек невработен. Втората е за локален снажен туристички развој, да ги развиеме сите видови на туризам во Охрид. Третата стратегија е да им дадеме предност на најспособните, мораме да дадеме шанса Охрид да стане самоодржлив. Овие стратегии ќе ги прават врвни професионалци кои го познаваат Охрид. Имам многу идеи, се надевам ќе успеам да ги реализирам, рече Милошевски, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошевски претходно укажа дека неговата кампања е позитивна и дека не сака да се служи со негативна кампања како неговиот противкандидат од СДСМ.

Немам кажано никаков лош збор за мојот противкандидат, а неговата последна прес конференција пред два дена е недостојна за една личност, за еден доктор, за еден колега. Јас сум сигурен дека не е од него напишано, му го посакав истото што и го посакувам на мојата фамилија, нема повеќе да се спуштам оти сметам дека тоа ќе ме девалвира. Помлад човек е, не го сфати тоа, но еве јас му простувам, рече кандидатот на вмро-дпмне.

За последните афери на охридските општински власти за наводно нарачани текстови коишто му се припишуваат, рече дека нема никакво влијание врз уредувачката политика на медиумите и дека не ги дели порталите на опозициски и провладини.

Гледам секаде да бидам пристутен каде што ќе ме поканат. Јас не можам да порачувам текстови никаде, изјави Митре Милошевски, кандидатот за Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.