Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред само десетина дена изврши набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана, луксуз кој граѓаните ги чинеше дури 5.000 евра, а речиси веднаш објавена беше набавка на морски плодови во вредност од 80.000 евра, објвинија во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.
Minis
„На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со коешто раководи Радмила Шекеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00 денари, односно околу 80.000 евра. Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст. Ова го нема никаде“,истакна Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Милошевски рече дека со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шекеринска за брзо време ќе ја испразнат државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот.
„Пари за пзголемување на пензиите, нема. Скратија 1,5 милијарди денари за образованието. Пари за покачување на просечната плата нема, а има за морски плодови, апетисани, лешници, саксиски цвеќиња и многу други непродуктивни работи од кои граѓаните немаат никаква придобивка. ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно го предупреди Заев и неговата недомаќинска влада да престанат да се однесуваат расипнички и да ги трошат парите на граѓаните за да ја задоволат сопствената жед за луксуз и комотен живот. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа неодговорната политика на неспособна влада на СДС и Заев“, рече Милошевски.
Истакна дека поради негрижата, неспособноста и неодговорноста граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Зоран Заев и СДСМ. Порача дека граѓаните ќе му кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и екипата околу нив.