Антонио Милошоски ги повика граѓаните маасовно да излезат на протестот против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство на владеењето на Зоран Заев.
-Ја заборави ли Заев смртта на младиот Мартин Нешковски, или денес не сака да се сети на таа неправда затоа што во затворот срдечно го поздрави неговиот убиец Игор, кој потоа лесно избега и сега е слободен?
Или можеби кога Заев е во владина фотеља тогаш „правда и мир“ значи дека убијците кои биле „политички корисни“ заслужиле да бидат на слобода?! – напиша Милошоски.