Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска дискусија во собранието за Законот за ЈО, остро кон својот колега Крсто Мукоски истакна дека пратеникот Мукоски од терорист за власта стана вистински преговарач за законот за ЈО и износот од 4 милиони евра во тендери за неговите фирми кои власта му ги доделила.
Тој прочита соопштение на СДСМ од 2017 година за фирмата на Крсто Мукоски од Вевчани каде ја обвинуваат таа фирма на фамилијата Мукоски за криминал од 2 милиони евра за АД за стопанисување со деловен простор, а поврзано со стадионот во Скопје.
– Крсто Мукоски е тука и јас никогаш не сум рекол дека е терорист, но Груби, Ременски и Богоевски и останати не знам дали го промениле мислењето дека е терорист, но очигледно дека тендерите се поважни од Јавното обвинителството на селективен политички начин, вели Милошоски.
Toj праша како ќе има одговорност кога фирмата на Крсто Мукоски има добиено тендери во износ од 4 милиони евра во последниве две години.
Некои луѓе на коишто Крсто Мукоски им ја отвори вратата за НАТО, нивните семејства и нивните деца немаат татковци како што имаат неговите, затоа што Мукоски одлучли да ги изневери граѓаните кои го гласале, затоа Зоран Заев вели дека Крсто Мукоски знае на вистински начин да преговара за законот за ЈО, за разлика од Христијан Мицкоски, вели Милошоски. Тоа е селективното однесување на СДСМ, истакна Милошоски.