Фатиме Фетаи најдобро знае дека Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за мене во 2011 година, пишува Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.
„Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во Февруари 2018-та, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6-тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО“, обајснува Милошоски и констатира:
„Ова докажува, прво, дека Заев предал многу снимки во СЈО, и второ, дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело.
Копиите кои ги поседува Заев се илјадници на број и опфаќаат приватни, деловни, службени и политички разговори на пратеници, лидери на неколку политички партии, влијателни стопанственици, истакнати новинари и неколку сопственици на медиуми. Заев и досега ги злоупотребувал и во иднина (во потесен круг, лично со жртвите или јавно) ќе ги злоупотребува овие снимки за уцени, политички притисок и медиумска послушност и стопанско рекетирање, а се со цел тој да се спаси од одговорност“.
На крајот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека времето на З.З. завршува и дека како дошол, така и ќе си оди.
„Ако прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка. Но, и ако не прифати, исто му се фаќа“, порачува Антонио Милошоски ставјќи обележје Тик Так.