Милошоски: Владата е генератор на проблеми, тимот за надворешна политика е многу слаб

Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во владата, а  Димитар  Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНE Антонијо Милошоски на денешната седница за избор на нова влада.

„Господинот Ковачевски започна со тезата дека беспредметно е дали владата има легитимитет. Граѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет Но вие не сте го добиле легитимитетот од граѓанитеЕ, рече Милошоски.

„Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел. Генерално пензионерите, студентите, граѓаните се осиромашени повеќе од пред пет години. Самата влада е генератор на нови проблеми и кризи. Во прогармата се гледа континуитет со интересите на Заев и бизнис интересите на неговата фамилија. Приоритет ви е бизнисот со марихуаната. Ваквата легализација не ви е потребна, а против тоа се и земјите од регионот и земји од ЕУ. Ако се легализира тоа ќе биде проблем за целиот регион. Не ставајте приоритети кои Македонија ќе ја направи Колумбија “, рече Милошоски.

Посочи дека наместо европска интеграција, владата на СДСМ донела опасна инфлација, од најдоброто за мојата општина, дојдовте до копање биткоини.

Зборуваше и за надворешната политика и рече дека Бујар Османи не е подобен да го води тој секторот и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која добивала датуми кои никој не ги видел, а со скандали го нарушила имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.

„Тимот за надворешна политика е многу слаби и компромитиран. Според мене досегашната влада ќе остане запаметена како единствена влада која четири години нема амбасадор во Вашингтон. Сите зборуваме за стратешкиот партнер САД, но сега четири години нема амбасадор“, потенцираше Милошоски.

Додаде дека колегите го прозвале Ковачевски за надворешната политика, колку знае или не знае.

-Јас тоа нема да го сторам. Не е само Заев кој добивал датуми кои сѐ уште ги немаме добиено. На славната заедничка фотографија се и Димитров, Османи, Анѓушев. Сега Димитров веќе не е другар со Османи, скарани се. Сметам дека тимот за надворешна политика ви е многу слаб и компромитиран. Досегашната влада ќе остане единствена дека четири години нема амбасадор во Вашингтон. Имавте еден обид потпишан од Заев и Османи, Фрчкоски да биде амбасадор, добро е што не помина бидејќи сме добиле вербална нота дека тој не е подобен за амбасадор. Истата влада го предлага истиот кандидат за амбасадор за ОН, ако ве дисквалификуваат од ФИФА, не може да ве прифатат во УЕФА“, рече Милошоски.