![antonijo milososki izjava](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/antonijo-milososki-izjava.jpg?resize=627%2C437&ssl=1)
Справувањето со корона-кризата од страна на министерот за зравство Венко Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот, критикуваше во средата пратеникот Антонијо Милошоски, член на Извршниот конитет на ВМРО–ДПМНЕ во изјава за новинарите во тејот на посетата на општина Битола.
Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета.
„Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население“, рече Милошоски.
Додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број на загубени животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена.
„Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата“, заврши Милошоски.