Заедно ги градеа модуларните болници, сега заедно се договорија – криви се кабелот, штекерот и полначот!, коменира пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако денеска премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.
-Заедно ги градеа модуларните болници, заедно ги плаќаа од буџет, сега заедно се договорија: криви се кабелот, штекерот и полначот – живи изгореа 14 пациенти во Тетово – но нема ниту оставки, ниту објективна политичка одговорност од министерот Венко и заменикот Хасани, тие нема шанси да се криви, веројатно затоа што се битни и незаменливи владини функционери!
Ваквиот однос од владата е само уште една голема траума за најблиските на оние чии животи згаснаа како колатерална штета на неодговорноста на власта и сомнителните тендери за модуларните болници, смета Милошоски.