Опозицијата бара одговорност од Владата за бугарското вето, бидејќи поради истото беше оневозможена преговарачката рамка за Маскедонија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата со лаги ги крена очекувањата на граѓаните дека ќе започнат преговорите за членство во ЕУ, па затоа сега и разочарувањето е големо, вели поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, откако во вторникот вечерта беше објавено дека земјата не доби датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Унијата.
Сега пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Милошски, во изјава за телевизијата Алсат вели дека самото вето е потврда дека во 2017 година премиерот Зоран Заев и тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ја „лажеа јавноста дека договорот со Бугарија е корисен“ и дека Македонија нема проблми со ниту еден од соседите“.
За ова Милошоски дури и најави дека како пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ од наредна недела ќе поднесат брање за интерпелација на Димитров.
„Во 2017 нѐ убедуваа дека договорот со Бугарија е корисен и ги отвора вратите за ЕУ и дека повеќе немаме ниту еден проблем со ниту еден од соседите. Ова значи дека денешното вето потврдува дека Никола Димитров и Зоран Заев лажеле. Ветото е потврда дека договорот не ги решил проблемите, туку отворил нови. Затоа како пратеничка група ќе доставиме барање за интерпелација за вицепремиерот Димитров,“ рече Милошоски