Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемо понижување која некоја македонска власт и’ го приредила на сопствената држава и претставува едноставно задоволување на барањето на Грција која го испорача до Обединетите нации во 1993 година, рече во вторникот поранешниот министер за внатрешни работи сегашен пратеник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошески во текот на гостувањето во дебатната емисија на телевизијата Алфа
Милошоски потсети дека тогашниот министер за надворешни работи на Грција барал ОН, Македонија да не се прими за членство со објаснување дека АСНОМ за нив преставува неприфатлив иредентизам.
Притоа пссочи дека тогаш во тоа време ваквиот предлог го имаат одбиено пораншениот претседател Киро Глигоров, како и Никола Кљусев како премиер на тогашната влада, а го одбиле сите премиери и претседатели досега, затоа што не биле уценети.
Бришењето на одлуките од АСНОМ вклучително и манифестот е едно од досега најголемите понижувања кој што некоја македонска власт, токму заради власта и го приредила на сопствената држава, реле Милошоски
Поранешниот шеф на дипломатијата оцени дека ако Илинденското востание било идеологијата и зачетокот на идејата за македосната државност, АСНОМ претставува потврда за македонската државност.
„Потврдата на државноста не е прогласот. АСНОМ и државноста се одлуките на АСНОМ кои имаат конститутивен карактер“ рече Милошоски.
Според него, многу тешко е да се бран нешто во што не се верув. Тој притоа запраша дека ако ништо не се менува со одлуките на АСНОМ тогаш зошто СДСМ воопшто ги менуваа. Милошоски посочи дека владата на Заев, е влада за менување на уставот и решение на спорот и ако не се задоволи ДУИ за внесување на овие работи во уставот тогаш владата паѓа, а за да не се случи тоа Заев прави се за да ја задржи власта.