Милвоки го бојкотираше петтиот натпревар против Орландо

Кошаркарите на Милвоки Бакс го бојкотираа петтиот натпревар од првиот круг од доигрувањето во НБА лигата против Орландо Меџикс во знак на поддршка на Џејкоб Блејк, кого во Висконсин во неделата полицајци го застрелаа седум пати во грбот во сѐ уште не разјаснети околности и кој моментално е парализиран во долниот дел од телото.

Играчите на Орландо се појавија во салата на загревањето пред дуелот, но кога видеоа дека нивните ривали не се појавуваат и тие четири минути пред предвидениот почеток на мечот се повлекоа во соблекувалната.

По веста за новиот полициски инцидент во кој настрадува афроамериканец, меѓу повеќе екипи кои се наоѓаат во „балонот“ во Орландо почнаа да се заговара бојкотирање на продолжувањето на натпреварувањето.

Првиот конкретен чекор го направија играчите на Милвоки, екипа од државата Висконсин, коај во лигашкиот дел од сезоната остварија најдобар сооднос на победи и порази, а за можен бојкот на својата серија зборуваат и играчите на актуелниот шампиони Торонто Рапторс и Бостон Селтикс кои треба да се соочат во полуфиналето на Источната конференција.