Минхенска пивница ќе добие отштета од осигурителна компанија заради загуби од пандемијата

Германски суд пресуди дека осигурителна компанија која стои зад еден минхенски ресторан ќе мора да му исплати отштета поради загубите предизвикани на почетокот од оваа година поради карантинот.

Ова е прв ваков случај во Германија, во којшто судот донесе пресуда во корист на обвинителот.

Според пресудата на Минхенскиот регионален суд, компанијата „Верзихерунгскамер Баерн“ мора да плати 1,1 милиони евра на „Аугустинер Келер“, една од најголемите пивници во градот.

Одлуката е донесена на први октомври 2020 година.

Осигурителната компанија соопшти дека ќе се жали на пресудата, додека германската лоби група „ГДВ“ соопшти дека пресудата во Минхен нема никакви импликации за другите нерешени случаи.