Според британскиот весник зад овој план наводно стојат Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија, а тој предвидувал создавање на еден вид „мини Шенген зона“, на чии надворешни граници би се применувале посторги мерки на контрола, дури и за државјаните на другите членки на ЕУ.
Со планот на властите би им се овозможило проверка на пасошите на сите патници што доаѓаат од земјите надвор од „мини Шенген зоната“ и создавање на база на податоци на „сомнителни лица“, за кои би постоел сомнеж дека се занимаваат со тероризам, наведува лондонскиот весник.
„Дејли Мејл“ тврди дека планот ќе биде официјално претставен на утрешната средба на министирите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ.
Дипломатски извори…