Дипломатски извори за весникот посочиле дека ваквата идеја следи, откако во ЕУ преовладало мислењето дека „Шенген зоната се соочува со проблеми“.
Се уште не сме се договориле за некакво решение, но во тек се тајни разговори и засега има многу различни мислења за ова прашање, изјавил неименуваниот дипломат.
Според „Дејли Мејли“, идејата за создавање на ваква „мини Шенген зона“ се појавила по нападите во Париз од минатиот петок, во услови на зголемен прилив на бегалци, кој преку Грција и балканските земји се движат кон западноеверопските држави, во најголем број кон Германија.