![39-650x396](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/39-650x396.jpg?resize=650%2C396&ssl=1)
Градежна компанија од Пенсилванија, гради куќи за децата на супер-богатите семејства – со надеж дека на децата им дава „свое место за растење“.
Постојат околу 30 варијации на домовите за игра „Лилипут“, од кои некои чинат и 20.000 долари.
Во прецизно изградените домови може да се живее, опремени се со мебел, осветлување, климатизација, па дури и прибор за јадење во кујната.
Влезните врати се високи, а собите се украсени со теписи, подни облоги и завеси.
По желба на клиентите можат да додадат и лулашки, лизгалки, тунели, пикник маси и цвеќиња во градина.
Основачот на „Лилипут“, Стивен Черники, вели дека компанијата е создадена откако тој и неговата сопруга биле во потрага за куќа игра за нивната ќерка, но не можеле да најдат доволно добар производ.
За својата ќерка Алиса пред повеќе од 20 години, тој го создал првиот викторијански замок, а подоцна се создадени и „Лилипут“ – куќите за игра.