Нова одлична мерка на Владата – зголемување на минималната плата

Минимална плата од 10.080 денари и голема реформа на Педагошкиот факултет, најави Груевски пред синдикатите
Зголемување на износот на минималната плата на 10.090 денари и голема реформа на Педагошкиот факултет, се двете големи новини кои премиерот Никола Груевски ги најави во денешното обраќање пред преставниците на репрезентивните синдикати Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати во Домот на АРМ.

Премиерот Груевски во говорот најави „крупна и многу длабока реформа на Педагошките факултети која е при крај со нејзиното дизајнирање.

„Таа ќе биде стимулирачка и мотивирачка за најдобрите ученици од македонските училишта да се запишуваат на педагошките факултети, која ќе биде многу сеопфатна зафаќајќи ги сите слабости на системот во овој дел“, рече премиерот Груевски не навлегувајќи во повеќе детаљи околу најавената реформа.

Втората голема новина која ја обелодени Груевски се однесува на исплатата на минимална плата во земја. Премиерот најави дека со новото законско решение кое е во подготовка минималната плата за три години треба да изнесува 10.080 денари.

„Владата во следните 10 дена ќе изработи законско решение со кои минималната плата од досегашната минимална плата од 8.050 денари ќе се зголеми на 10.080 денари во тригодишна динамика почнувајќи од март 2014 до март 2016 година“, рече Груевски.

Според владиниот план, минималната плата од 8,050 денари во март годинава ќе се покачи на 8,800 денари, во март 2015 ќе се зголеми на 9,590, за веќе во 2016 година да ја достигне највисоката сума од 10,080 година.

„Ова значи дека работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат платата на ниво еднакво или поголемо од минималната плата каде досега поради специфичноста на дејноста имаше посебна динамика, а тоа се во текстилот и кожарството, минималната плата ќе се зголеми со соодветен однос на динамика почнувајќи со март 2014 – 7.500 денари, а во март 2015 година – 8.050 денари, а од март 2016 година таа ќе биде 9.000 денари“, рече премиерот.

Оваа решение на Владата се очекува да има влијание врз личните примиња на околу 65.000 работници во земјава