Фудбалерите на „Шкендија“ загубија од „Салцбург“ со 0:1 во реванш мечот од квалификациите од Лигата на шампиони, па по поразот од 3:0 во првиот меч во Австрија натпреварувањата ќе ги продолжи во плеј-офот од Лига Европа.
Тетовци на арената „Телеком“ не одиграа спектакуларно прво полувреме, исто како и противникот, но во вториот дел прикажаа подобра игра, но не ги искористија шансите за да ја погодат мрежата на противникот. И гостите имаа шанси, но голот го постигнаа во судското продолжение преку Андре Рамаљо.
Противник на македонскиот шампион во плејофот за Лига најверојатно ќе биде норвешки „Розенборг“ кој во првиот меч го победи „Корк Сити“ со 2:0 на гостински терен.