Министерка во Перу се вакцинирала преку ред, поради скандалот поднесе оставка

Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка на функцијата во неделата по скандалот кој сѐ повеќе расте, по откривањето дека владини функционери се вакцинирани против коронавирусот многу пред да започне имунизацијата на населението.

Оваа латиноамериканска држава е тешко погодена од пандемијата, а нејзиниот здравствен систем е преоптоварен и насочената програма за вакцинирање на здравствените работници започна дури од 8-ми февруари.

Перу само што започна со програмата за имунизација, и тоа прво со здравствените работници, пред една седмица кога прими 300.000 дози од вакцината на кинескиот производител „Sinopharm“. Засега сѐ уште нема датум за вакцинирање на населнието, но владата соопшти дека има намера до јули да вакцинира 10 милиони лица.

По негодувањето на јавноста поради тоа што функционерите се вакцинирале и покрај тоа што сѐ уште нема датум за вакцинирање на населнието, најмалку двајца владини службеници си поднесоа остаква.

Шефицата на дипломатијата Елизабет Астете во неделата на Twitter објави дека нејзината оставка ја прифатил претседателот Франциско Сагасти. Во изјавата таа наведува дека е вакцинирана на 22-ри јануари, нарекувајќи го тоа „голема грешка“. Претседателот Сагасти за медиумите изјави дека е „огорчен и гневен“ поради ваквите случувања.

Астете е втор член на владата кој си поднесува оставка, откако тоа го стори и министерката за здравство, Пилар Мазети. Таа се повлече од должноста откако весниците објавија дека поранешниот претседател Мартин Вискара ја добил вакцината против коронавирусот уште во октомври минатата година.

Педесет иседумгодишниот Вискара бил вакциниран само неколку месеци пред да биде отповикан и отстранет од должноста под обвинение дека е „морално неподобен“. Поранешниот претседател минатата седмица изјави дека тој и сопругата се пријавиле за учествување во тестирњето на вакцината.

Меѓутоа, универзитетот „Каетано Ередија“ во Лима, кој ги спроведува клиничките испитувања на вакцината на „Sinopharm“, во неделата ги негираше тврдењата дека Вискара учествувал во тоа. Универзитетот ги известил перуанските здравствени власти дека „господинот Мартин Вискара и (неговата сопруга) госпоѓата Марибел Дијаз Кабељо не се дел од групата од 12.000 доброволни истражувачки субјекти“.

Вискара изрази „голема зачуденост“ од соопштението на универзитетот, и повтори дека двете дози ги примил како доброволец во клиничкото испитувања. Додаде дека немало „административна вина, ниту кривично дел“ и предупреди дека неговите постапки ги користат „државните непријатели со намера да го дискредитираат“.

Оваа контроверзна ситуација доведе до оставка на министерката за здравство Мазети минатата седмица, и покрај тоа што негираше дека знаела за тоа дека Вискара, кој инаку ја именуваше на должноста, е вакциниран.

Перунаските медиуми претпоставуваат дека многумина засега неименувани фунцкионери веќе се вакцинирани против Covid-19, што го наведи шефот на кабинетот на претседателот Сагасти и на уште 12 министри јавно да изјават дека не се вакцинирани. Седумдесетгодишниот претседател јавно беше вакциниран минатата седмица заедно со здравствени работници.

Перу, држава со 33 милиони жители, забележа повеќе од 1,2 милиони заразени со короанвирусот и близу 43.500 починати како резултат од компликациите предизвикани од Covid-19.