Министерот Чулев во посета на полицајците кај Маврово и Бошков мост

Денес ги посетив полициските пунктови кај Маврово и Бошков мост и оствари средба со полициските службеници кои се распоредени.

Таму бев за да направам увид на актуелната состојба и да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции и несебично помагаат на граѓаните во справување со последиците од Корона вирусот.

Изразив благодарност до колегите од Дирекцијата за заштита и спасување и сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои се распоредени на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.