Министерот Јанакиески во работна посета на Гевгелија

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески утре  ќе оствари работна посета на општина Гевгелија.

Во рамките на посетата, заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, предвидено е министерот Јанакиески да присуствува на пуштање во употреба на канализациската мрежа во Прдејци, а потоа ќе ги  посети на градежните активности на патниот правец Негорци-Серменин.