Министерска снаа стана професор на факултет на 38 години

Снаата на поранешната министерка за образование од редовите на СДСМ, Софија Тодорова, доби професорско место на штипскиот универзитет.

Билјана Тодорова, сопруга на синот на Софија, на 38 години е назначена за редовен професор по социјално право на државниот правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.

Нејзиното досегашно работно искуство единствено е врзано за приватниот Европски универзитет. По дипломирањето прво работи како помлад асистент, потоа како асистент на Европскиот универзитет. Во април 2012 е избрана за доцент на истиот универзитет.

 

Билјана Тодорова е родена во 1980 година во Скопје. Во 2001 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан први “ во Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”, каде што и дипломира со просечен успех 9,40. Во 2006 се запишува на постдипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, насока Менаџмент на човечки ресурси. Студиите ги завршува со успек 9.25, стои во  нејзината биографија.