Министерството за здравство тврди дека во Македонија нема инсулинска криза.
„Преку донација од компанијата производител се обезбедени доволни количества инсулин во земјава. Министерството ги уверува болните од дијабетес, кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни, бидејќи овој лек го има“, соопшти Министерство за здравство.
Оттаму потенцираат дека проблемот кој го имале неодамна, била причина повеќе Министерството да почне со изработка на ново законско решение, процес кој веќе е во тек.
„Веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во Република Македонија“, велат од Министерството.