Министерството за економија гo затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата

Поради големиот број на апликации Министерството за економија гo затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата, за ранливите категории останува рокот за аплицирање до 15 февруари

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

-Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во Архивата на Министерството за економија и по пошта), за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства, информираат од Министерството.

За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици.

Согласно Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024, ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќжинствата во останатата територија на Република Северна Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.