Министерството за финансии исплати субвенции на 842 земјоделци

Министерството за финансии денес исплати субвенции на 842 земјоделци за поддршка на две мерки во сточарството.Од нив 81,4 милиони денари се исплатени на 563 земјоделци за обележани грла овци.

За обележани грла кози исплатени се 7,8 милиони денари на 279 земјоделци.

Поединечно, мерката и за овци и за кози изнесува по 1000 денари по обележано грло.

Преку исплатата на субвенции, Министерството за финансии и Владата на Република Македонија продолжуваат со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во економијата.