Министерството за култура потврди дека министерот Исмаили имал сообраќајка кај Желино

Министерството за култура потврди дека службеното возило „пасат“ на министерот за култура Хусни Исмаили попладнево имало сообраќајна незгода пред наплатната рампа Тетово – Гостивар.

– Покрај „пасатот“ на Министерството за култура, во сообраќајката учествуваше и товарно возило. При несреќата нема повредени лица, сите учесници се во добра здравствена состојба, единствено е причинета материјална штета. Увидот на сообраќајната полиција е во тек, соопшти Министерството за култура.

Според СВР Тетово, во „пасатот“ имало две лица, а камионот  бил управуван од Е.К (55) од Гостивар.  Сообраќајката се случила на автопатот Тетово – Гостивар околу 16.30 часот.