Министерството за транспорт и врски милува документите да бидат на „северномакедонски јазик“

Министерството за транспорт и врски бара документите да бидат на „северномакедонски јазик“

Во повик на Министерството за транспорт и врски за техничка помош за проект за водовод и канализација финансиран од ЕБРД се бара документите да бидат поднесени на „северномакедонски јазик” („in North Macedonian language”). Комуникацијата со општините и државните органи, пак, пишува во истиот документ, треба да биде на македонски јазик („in Macedonian language”).

Еден документ, илјада прашања: на два различни јазици ли мисли Министерството? Може ли да опише по што се разликуваат македонскиот и северномакедонскиот? Различни службеници ли го пишувале повикот, едните поспособни, другите не? Го прочитале ли Преспанскиот договор, за да видат дека во него јазикот е македонски, без додавката? Знаат ли дека во официјален владин документ напишале јазик што не постои?

Употребата на „Северномакеоднски јазик“ во документ на  Министерството за транспорт и врски предизвика рекции на социјалните мрежи. Се огласи и Министерството кое тврди дека е направена техничка греша при преводот.

Од министерството пак се правдаат, велат не била намерно, тоа било техничка грешка, и вината ја префрлија на службите.

Во врска со огласот објавен во месец март 2019 година, Ве информираме дека е направена техничка грешка при преведување на текстот на Огласот од страна на службите. Исто така сакаме да потенцираме дека е очигледно дека станува збор за техничка грешка со тоа што понатаму во истата реченица, како и во остатокот на Огласот, стои македонски јазик.

Според прирачникот кои го изготви министерството за надворешни работи, употребувањето на јазикот како северно-македонски е погрешно.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви… Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Иако овие термини се уредени со правилник, сепак голем број од странските медиуми ги употребуваат термините северно-македонски премиер, северно македоски јазик итн. Од министерство за надворешни работи своевремено информираа дека ги известиле странските медиумски куќи оти тоа е прогрешно.

Во јавноста во последно време се случува уште еден тренд, интелектуалци кои што го поддржуваа договорот од Преспа и тврдеа дека идентитетот е бетониран, сега се премислуваат.

Една од нив е писателката Кица Колбе. Таа водеше кампања за поддршка на договор од Нивици, а сега откако во државата каде што живее, Германија, ја нарекуваат северно македонска што го говори северно македонскиот јазик го променува ставот.

Колбе е член на мешовитата грчко-македонска комисија за историја образование и култура, но и покрај тоа што е револтирана од последиците од договорот се уште не дала оставка од комисијата.