Министри, градоначалници – кој ќе се најде на списокот на Заев за заминување?

Министри, пратениците, градоначалници, директори, високи партиски функционери во СДСМ ќе се најдат на списокот на премиерот и претседател на социјалдемократите, Зоран Заев во рамки на најавената операција „Метла“.

Според неофицијални информации од владејачката партијата, првичните анализи на изборните резултатите покажале дека граѓаните се незадоволни од голема група на функционери од власта, но за конкретни чекори и нивно разрешување ќе се почекаат финалните резултати.

Неофицијалните информациите говорат дека меѓу засегнатите од „метлата“ се и двајца скопски градоначалници од општини каде СДСМ освои значително помал број гласови од ВМРО ДПМНЕ.

Според овие информации, станува збор за првите луѓе на општините Гази Баба и Кисела Вода. Се најавуваат смени и на поголем број директори во државни институции и јавни претпријатија.

Покрај ова, во јавноста веќе се шпекулира дека ДУИ ја бара фотелјата на министерката за правда, Рената Дескоска и нудат опција таа да се врати во Министерството за образование. Но, Дескоска не ја прифаќа ваквата понуда, вели единствено место на кое би се вратила е Правниот факултет.

„Нема да се враќам во Министерството за образование. Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори. Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде што можам да се вратам по политиката е Правниот факултет, а не МОН“, вели Дескоска прашана за коментар на информациите дека ќе треба да си замине од Правда со понуда да се врати во ресорот Образование.

Од СДСМ велат анализата ќе биде готова наскоро, а истата ќе биде презентирана и на Конгресот, којшто согласно партискиот статут треба да се организира по секој изборен циклус.

Заев и Ахмети на средба ќе ја договараат реконструкцијата

До крајот на оваа недела се очекува и средба помеѓу владините партнери Заев и Али Ахмети. Двајцата лидери се очекува да ја договорат идната распределба на министерски фотелји во Владата.

Според најавите, на средбата ќе се разговара и за изборните резултати и актуелните политички состојби.