Минусни температури во поголем дел од Македонија. Температури под нулата утрово биле измерени во Берово, Маврово, Битола, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Штип и Куманово. Максималната измерена утринска температура изнесуваше 4 степени.
Според мерењата на УХМР, најстудено било во Берово минус седум степени, во Маврово се измерени минус три степени, Битола минус два, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе Прилеп, Демир Капија, Струмица, минус 1 во Штип и Куманово, 0 во Скопје, Дебар, Кавадарци, Крушево, еден во Виница, Охрид, Претор, два во Гевгелија и четири степени во Дојран.
Во поголемиот дел од земјава времето е ведро и сончево. По одделни котлини има појава на слаба магла. На повисоките места дува слаб ветер од северен и источен правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 20 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.
Денес сончево со мала локална облачност
Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната ќе се движи од 14 до 20 степени.
Во наредните денови подрачјето на Македонија и понатаму ќе остане под атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса.
Од утре пораст на дневните температури
Од утре под влијание на потопла воздушна маса, дневната температура ќе бележи пораст. Условите за појава на утринска магла ќе бидат помали и застапени како поретка појава.