Бразилскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Жоао Миранда, ќе биде првата летна аквизиција на новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал.
Познатиот спортски весник во Шпанија, “АС” ја пласираше сензационалната информација дека централниот дефанзивец пред неколку недели е забележан во Манчестер како бара место за сместување и школо во кое ќе ги запише своите деца.
Преговорите помеѓу двата клуба ќе завршат во најбрз можен рок затоа што челниците на Манчестер Јунајтед експресно ќе ја исплатат ослободителната клаузула во договорот на 29-годишниот бразилски интернационалец, вредна околу 24 мил. фунти.