Мисајловски: Ќе биде тешка политичка борба, бидејќи целиот систем на прогон влегол во „двојката“

Има една чудна појава која сите ние треба да ја совладаме, а тоа е Заевизмот. Сите може да го препознаете, обично се пренесува со лага од човек на човек или лага во толпа. Тие лаги ние мора да ги победиме. Оваа обнова сите ние мора да ја спроведеме, истакна Владо Мисајловски, носителот на Изборната единица 2, кој со овации и громогласена аплауз беше поздравен на Конвенцијата.

-Јас во мојата изборна единица ќе имам тешка политичка борба. Ќе имам политичка борба со технички премиер, со техничка министерка за внатрешни работи, целиот систем на прогон влегол во ИЕ 2, но јас ги имам сите овие луѓе тука и сите на купче ќе ве победиме, потенцираше Мисајловски.