Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, денеска присуствуваше на Ифтар вечера во организација на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
-Во организација на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, присуствував на Ифтар вечера заедно со нашите пријатели и сограѓани од муслиманска вероисповед.
Нека овој празник ви донесе добро здравје, душевен мир, спокој, среќа и семејна хармонија.
Да споделиме единство, слога и почит за промени за заедничка иднина, пишува Мисајловски на Фејсбук.