
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во рамките на активноста „Ова е Македонија! Македонија за сите! ги посети скопските населени места Стајковци, Црешево и Булачани во општина Гази Баба.
-Нашата борба е вредности, идеал и кауза.
Нашата борба е да ја обновиме Македонија.
Промените да победат, за заедничка иднина!
Ова е незапирливата сила на народот.
Попладнево оддржавме одлични средби со граѓани во Стајковци, Црешево и Булачани во општина Гази Баба.
Ова е Македонија! Македонија за сите!, пишува Мисајловски на социјалната мрежа на Фејсбук .