Меѓувладина седница на македонската и на косовската Влада во Приштина – земјите остануваат силно посветени на одбранбената соработка која е столб на регионалната безбедност, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана.
-Министерот Владо Мисајловски разговараше со неговиот колега, министерот Ејуп Маќедонци со кого ја потврдија намерата на двете земји за продлабочување на одбранбената соработка. Нашата држава е активен и посветен НАТО сојузник чиј приоритет е регионалната стабилност и безбедност. Македонската Армија веќе четири години дава свој придонес во НАТО мисијата КФОР на Косово што е доказ дека регионот и неговата сигурност за нас се од исклучително значење, истакнуваат од МО.