Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил објави статус во кои вели дека ВМРО- ДПМНЕ е партија во чиј постулат е вградена младинската политичка активност како стожер во самото постоење на партијата.
-Квалитетите и креацијата на младите луѓе секогаш наоѓале улога во делувањето на ВМРО, која преку своето политичко делување истите тие квалитети ги ефектуирала во проекти и дела за изградба и унапредување на Република Македонија.
УМС е начин на живот, многу повеќе од партиски подмладок, УМС е расадник на кадри кои ќе ја предвидат #Обновата на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.