Како пратеник сакам на јавноста да и доловам неколку работи, а тоа е дека во момонтов власта не функционира, не само денес, власта не може да обезбеди кворум во собранието, денеска немаше можност за гласање на одреден број закони-рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вестите на Сител.
-Да точно е дека имаме соработка со опозициските партии во собранието, се бориме против корупцијата и криминалот, се бориме против неправдите. Впрочем кога е најтешко во Македонија, во онаа здравствена криза, независно дали си Македонец, Албанец, Ром… треба тука да се сплотиме. Гледаме дека СДСМ сака повторно само да критикува, повторно ВМРО-ДПМНЕ да биде криво за се она што се случува, истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека без опозицијата нема да може ништо да се помине во собранието.