Мисајловски во посета на селото Горна Матка: Овие луѓе се заборавени од општината, градот Скопје и власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска остварил средба со граѓаните од селото Горна Матка.

„Пријатна средба со граѓаните од селото Горна Матка од општината Сарај заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Сарај Мартин Стојановски.

Расположението на луѓето како и секаде е во разочарување.

Овие луѓе се заборавени од општината, градот Скопје и власта.

Велат четири години никој не дошол, ниту па нешто не прашал.

ВМРО – ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

Никој нема да биде заборавен.

Проекти, проекти и многу работа.

За секој граѓанин, во секое село во секој град“, вели Мисајловски во својот статус на Фејсбук.