Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку социјалните мрежи се огласи во врска со изгласувањето на уставните измени во Собранието.
Мисајловски вели дека многу луѓе заборавиле зашто СДСМ биле долго во опозиција и што значи нивното инсталирано владеење во било кој период од нашата историја.
Едноставно лажат, манипулираат, вршат прогон, и го згаснуваат македонскиот идеал што се провлекува низ векови кој е мачно изграден со многу македонски човечки подвизи и судбини.
Но, ПИРЕЈОТ не може да го снема, кини го, корни го, згази го, но тој повторно ќе се издигне бидејќи ПИРЕЈОТ сме сите ние заедно.
Макар еден од сите нас да остане со кодот на македонецот и кодот на ВМРО, битката ќе продолжи со една цел, а тоа е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА.
Вашата Северна нема да донесе поголеми плати, нема да донесе подобри реформи, нема да донесе подобро здравство, економија, инфраструктура и било која друга промена за подобар квалитет на живот.
Треба РАБОТА, но оваа власт тоа ниту го умее нити го знае ниту пак сака да работи.
Целиот народ знае дека оваа власт има само една употреба, а тоа е промена на името и продажба на националните интереси, а со тоа нивната улога е завршена и искористена.
Народот никогаш на ниту една влада не им дал право за продажба на државата, народот никогаш не дал на никого легимитет да тргува со правото и идентитетот, но затоа народот е тој што казнува и суди за постапките на секој што го прелажал и му ја навредил неговата интелегенција.
Вмро Дпмне остана на вистинската страна на историјата а тоа е на страната на Република Македонија.
Борбата секогаш ќе продолжи за ВАШАТА ЗА НАШАТА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ВЕЧНА ДА Е, пишува Мисајловски на Фејсбук.