Иако некое време владееше затишје, се чини дека тензиите меѓу Николина и нејзиниот свекор Миша Гроф не завршуваат.
Познатиот бизнисмен повторно има за што да се жали на својата снаа. Тој тврди дека оставинската постапка се уште не е завршена и дека Николина од погребот не го посетила гробот на Видоје.
– Се е под камера, па и гробот и се околу него. Знам сè и следам сè – вели тој за српски Курир.
Најтешко му е, вели, што не може да ја види внуката.
– Како да не ми недостига? Не е лесно. Ниту таа, ниту нејзината мајка не одговараат на телефон. Како да ја добијам? – вели Миша.
Во мај се одбележува годишнината од смртта на неговиот син, а Миша Гроф не го крие разочарувањето од животот што го живее Николина.
– Како да не можела да дојде на неговиот гроб, но можела да се слика гола. Ова е искрената Николина, која зборуваше за нејзината голема љубов и за тоа како страда за мојот мртов син. Убаво ви кажав на самиот почеток, кога се се случуваше, дека никогаш не била љубов. Таа секогаш гледала на корист и материјален интерес – рече тој.
View this post on Instagram
Не требаше долго да стигне одговорот на Николина.
– Не дојдов на помет од приватни причини, не бев во можност да се појавам. Сè што имам да кажам за неговата изјава е дека му е потребна помош од психијатар. Не ми треба медиумско внимание за одење на гробот на мојот сопруг – изјави водителката.