Првата дама на САД, Мишел Обама денеска за првпат ќе се обрати наместо сопругот на неделната конференција за новинарите во Белата куќа, која овојпат ќе биде посветена на киднапирање на девојки во Нигерија, соопшти Белата куќа.
„Мишел Обама е мајка на две ќерки и во оваа прилика ќе изрази гнев и тага која таа и нејзиниот сопруг ја чувствуваат по киднапирањето на 200 ученици во Нигерија,“ изјави портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц.
Според традицијата, сите американски претседатели секоја недела директно се обраќаат на јавноста. Кога Обама е отсутен, таа должност ја извршува потпретседателот Џозеф бајден. Мишел Обама до сега само стоеше покрај сопругот, а сега и самата ќе зборува.
Американските стручњаци отпатуваа вчера во Нигерија за да помогнат на тамошните власти да пронајдат повеќе од 200 девојки кои ги киднапираше исламистичката група Боко харам.